Червар го засили Пелистер со уште еден ракометар од Босна и Херцеговина!
По ангажманот на Едвин Џелиловиќ, клубот го потврди и доаѓањето на неговиот 26-годишен сонародник, кој потпиша договор на една сезона со можност за продолжување на уште една со деветкратниот македонски шампион. Средниот бек во Битола пристигнува од Рико Рибница од словенечкото првенство, а претходно настапуваше и за Грачаница во Босна и Херцеговина, како и за Барнбах Хофланд во Австрија.
„Официјалното претставување на Мехмедовиќ е закажано на почетокот од подготовките за сезоната 2026/27“, информираат од клубот од Битола.