Ќе „летаат глави“ на Сан Сиро: Алегри добива отказ, со него и речиси сите директори
Сепак, „Газета дело Спорт“ пишува дека е толку разочаран што ќе ги „исчисти“ сите одговорни, од тренерот Масимилијано Алегри до целиот одбор на директори.
Прв ќе биде отпуштен Џорџо Фурлани, генералниот директор на клубот, а потоа и спортскиот директор Игли Таре, поранешен албански репрезентативец. Фурлани не успеа да го подигне Милан откако е на таа позиција во 2022 година и оваа сезона капката што ја прели чашата. Техничкиот директор Џефри Монкада исто така ќе го напушти клубот со нив двајца.
Кардинале нема да се врати во САД, каде што живее, во скоро време, што значи дека на „Сан Сиро“ се во тек големи промени. Се чини дека само Ибрахимовиќ ќе ги преживее иако навивачите воопшто не го сакаат и синоќа го нападнаа по последниот свиреж на судијата, на мечот против Каљари.