Вардарово славје во Струмица - Лазаревски скокна меѓу навивачите! (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар во Струмица славеа голема победа против Охрид со 24-23 за 18-ти куп-трофеј, а веднаш потоа следуваше и големо славје на ракометарите и навивачите.

Помеѓу најистакнатите во славјето одново беше Милан Лазаревски кој триумфот го славеше со фановите на трибината.