Реал Мадрид ќе го избрка и Арбелоа – селекторот на САД прв фаворит за наследник

Алваро Арбелоа е сè подалеку од тоа да остане тренер на Реал Мадрид и следната сезона, тврдат повеќе европски медиуми, повикувајќи се на извори од клубот.

„Кралевите“ ја завршија европската приказна уште во четвртфиналето на Лигата на шампионите (ЛШ), откако беа елиминирани од Баерн Минехн со два порази – 1-2 во Мадрид и 3-4 во Минхен. Разочарувањата не застануваат тука – рана елиминација во Купот на Кралот го чинеше работа Чаби Алонсо, по што шансата ја доби Арбелоа. Во Ла Лига, пак, Реал заостанува дури девет бода зад лидерот Барселона.

Поради сето ова, логично, во Мадрид веќе сериозно се размислува за тренерска смена. Сепак, конечната одлука ќе падне по крајот на сезоната – клубот не брза, особено бидејќи Арбелоа ја стабилизирал атмосферата во соблекувалната и го намалил притисокот. Арбелоа го презеде тимот во јануари и има договор до 2027 година, но тоа не значи дека е сигурен, напротив, постојат могу мислења дека треба да се избрка.

Во меѓувреме, на „Бернабеу“ веќе се вртат четири имиња. Прв фаворит на хартија е Јирген, иако засега нема конкретни контакти. Претседателот Флорентино Перез и натаму високо го цени Зинедин Зидан, но неговото враќање изгледа малку веројатно – Французинот е блиску до селекторската функција на својата репрезентација по СП. Најсриозен реален кандидат е Маурисио Покетино, актуелен селектор на САД, како и Дидие Дешам, чија кандидатура добива сè поголема поддршка во клубот.