Ужас во Сан Антонио: Вембанјама падна на главата и доживеа потрес на мозокот (ВИДЕО)
Младиот Французин падна директно на лице по еден удар кон кошот и дуел со Џру Холидеј, му требаше речиси половина минута да дојде до седечка положба, а речиси цела минута да стане. Добрата работа е што сам отиде во соблекувалната, меѓутоа, Спарс кратко потоа објавија дека е подложен на протокол за потрес на мозокот и нема да се врати на теренот. По натпреварот во кој Спарс беа поразени од Портланд, тренерот Мич Џонсон изјави дека на неговиот играч му е дијагностициран потрес на мозокот, што значи дека ќе има 48 часа одмор, а теоретски би можел да игра во третиот натпревар од серијата со Блејзерс, кој се икгра ноќта помеѓу петок и сабота (04:30 часот). Евентуалното отсуство на Вембанјама би бил огромен хендикеп за Сан Антонио. Кога излезе, резултатот беше 34-32 во корист на гостите од Портланд, домаќините имаа +14 во последната четвртина, но ривалот успеа да направи пресврт и да победи со 106-103 со што израмни на 1-1.
На крилјата на одличниот Французин, Сан Антонио се квалификуваше во плејофот за прв пат од 2019 година. Со оглед на тоа што во своите редови го имаат еден од најдобрите и најперспективните играчи во НБА лигата, очекувањата на навивачите се големи, но без Вембанјама, шансите на Спарс се значително намалени.
Центарот на Спарс во просек постигнуваше по 25 поени, 11,5 скока и беше лидер во лигата со 3,1 блокади по натпревар во текот на сезоната. Пред повредата вечерва, тој имаше 5 поени, 4 скока, 1 асистенција и 1 блокада.