Невидени мерки: Снајперисти, кучиња и елитни единици за УФЦ-настанот пред Белата куќа!
„ТМЗ“ пишува дека на настанот закажан за 14 јуни ќе има највисоки безбедносни мерки, како што се користи за други специјални настани од голема важност.
Нивото на заштита кое ќе се користи по правило подразбира сериозен пакет мерки, од тимови со кучиња за детекција на експлозиви, сајбер безбедност, снајперисти и детално надгледување на просторот, па сè до известувачки тимови на терен, воздушен надзор и специјални елитни единици.
УФЦ-настанот нема да биде само спектакл поради организацијата пред Белата куќа, туку ќе биде и еден од најсложените настани за организирање на безбедноста на гостите и натпреварувачите.
Фото: EPA