Полуфиналистите во ЛШ досега имаат заработено неверојатни 500 милиони евра!

Полуфиналето во Лигата на шампионите (ЛШ) носи престиж, но уште повеќе – огромни пари.

Четирите екипи што стигнаа до оваа фаза веќе заработија вистинско богатство, а досега најмногу профитира Баерн Минхен – дури 127,3 милиони евра. Германскиот гигант е лидер по заработка сезонава и веќе се доближи до сумата што лани ја инкасираше ПСЖ (144 милиони евра). Арсенал е веднаш зад Баварците со 124,7 милиони евра, додека гигантот од Париз годинава има заработка од 120,9 милиони. Атлетико Мадрид е „најсиромашен“ меѓу четирите полуфиналисти со 104,2 милиони евра.

Парадоксално, „јорганџиите“ заработиле помалку од Ливерпул, кој иако е елиминиран, има над 109 милиони евра приход од сезоната во ЛШ. Овие бројки не се случајни – во нив влегуваат бонусите од УЕФА за секоја фаза, маркетинг-пулот, како и исплатите според клубските коефициенти во последните пет односно десет години.

Од сите учесниците сезонава во ЛШ најмалку заработил Каират и тоа „само“21 милион евра.