Дивјачки старт на Ридигер поради кој Баерн ќе биде без тренер во полуфиналето (ВИДЕО)
За негова среќа, словенечкиот судија Славко Винчиќ не се истакна премнногу синоќа, му покажа црвен картон на Камавинга, а можеше тоа да го направи многу порано, уште во првото полувреме, во една ситуација во која главен протагонисти беше Ридигер. Германскиот стопер без топка, дивјачки стартуваше на противничкиот фудбалер Јосип Станишиќ и уште му се внесе в лице додека противничкиот играч. лежеше на тревата. Хрватскиот фудбалер притоа беше повреден и остана во соблекувална по паузата, а на крајот од мечот проговори за срамниот старт на Ридигер.
„Што се случи додека лежев на тревникот, најдобро е директно да го прашате Тони. Но, таквото однесување е сосема неприфатливо. Тој употреби само еден збор, и тоа двапати. Прашајте го што рече. Можеби ќе има храброст да го признае тоа“, рече Станишиќ.
По таа акција, Реал дојде во водство од 3-2 по голот на Мбапе, но Винчиќ и неговите соработници од ВАР собата не најдоа причини за поништување на голот. Целата ситуација го изнервира тренерот на Баерн, Венсан Компани кој жестоко рееагираше и доби жолт картон што е трет за него оваа сезона и поради него нема да може да го води тимот на првиот полуфинален меч против ПСЖ.