ФФМ поведе постапка против Фетаи и Беќири, а казна ќе има и за Тиквеш

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) изрече казни за сторителите на прекршоци во претходното коло, а исто така поведе и постапки против Имран Фетаи и Јетон Беќири од Шкендија, но и против Тиквеш.

ФФМ поведе постапка против Фетаи поради неспортски однос, т.е. кршење на врата од соблекувална по завршување на натпревар, додека има постапка и против тренерот на Шкендија поради вербален напад на полициски службеник.

Постапка се води и против Тиквеш поради користење на пиротехнички средства и истакнување на банер со навредлива содржина.

Останатите одлуки на Дисциплинската комисија на ФФМ може да ги прочитате ТУКА.

Фото: ФФМ