„Сараево ви благодариме“

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се заблагодари на Босна и Херцеговина за гостопримството за време на двата дена поминати во Сараево.

Македонската експедиција задоволна го напушта Сараево, а од ФФМ тоа го искажаа и јавно.

„Сараево, ви благодариме!
Не беше само гостопримство, беше чувство како да сме дома.
Голема благодарност до претседателот Вицо Зељковиќ, спортскиот директор Емир Спахиќ и целата Фудбалска федерација на БиХ. 
Во овие два дена направивте сѐ за да се чувствуваме како свои, а тоа не се заборава.
Пријателски народ, искрени луѓе и град кој секогаш има посебна енергија.
Првата прилика ќе се потрудиме да ви возвратиме во Македонија на ист начин.
До тогаш, ви посакуваме многу среќа и успех на Светското првенство. Ќе навиваме за вас“, стои во објавата на ФФМ.