Бомба од Белград: Шортс се сели во Звезда

Американецот со македонски пасош, Ти-Џеј Шортс од следната сезона ќе игра за српскиот кошаркарски гигант Црвена Звезда, објави грчкиот новинар Михаилис Капсис.

Според истиот извор, преговорите биле речиси завршени, односно останале да се договорат уште неколку детали пред трансферот да биде официјално потврден. Наводно, плејмејкерот веќе престојува во Белград, каде што ги финализира разговорите со управата на „црвено-белите“:

„Црвено-белите“ биле најупорни да го добијат неговиот потпис, откако интерес покажаа Партизан и Хапоел Тел Авив.

Шортс оваа сезона во Евролигата во просек постигнуваше по 8,1 поен, 1,3 скокови и 2,9 асистенции по натпревар.

Фото: Facebook/Panathinaikos BC