Трагедија во семејството на селекторот: Дешамп ја напушти репрезентацијата и се врати во Франција

Репрезентацијата на Франција следните неколку денови ќе биде без својот селектор Дидие Дешамп кој итно мораше да се врати во татковината поради трагедија во семејството.

Француските медиуми објавија дека починала неговата мајка и Дешамп заминал дома за да го организира нејзиниот погреб и да се прости со неа. Поради тоа, тој нема да биде на клупата на натпреварот против Норвешка, в петок, во последното коло од групната фаза на Светското првенство. Во договор со претседателот на Фудбалската федерација на Франција, Филип Дало, „триколорите“ на тој меч ќе бидат предводени од асистентот Ги Стефан.

Ако нема дополнителни проблеми, Дешамп би се вратил навреме за натпреварот од 1/16-финалето на Светското првенство.