Роналдо: Велат дека треба да се пензионирам, но - тука сум!
Роналдо на критичарите им одговори и на теренот, но и со изјава по натпреварот.
„Тие рекоа дека треба да се пензионирам, но тука сум. Вревата од надвор секогаш е таква, но ние не можеме да ја контролираме. Одиме напред обединети“, вели Роналдо.
„Знам дека кој работи напорно, Бог ќе му помогне. Ова беше тешка недела, црна недела, почна со тоа дека сум требал да се пензионирам. Но, издржав како што секогаш издржувам затоа што верувам во работата повеќе отколку во фудбалот. Беше тешко, морам да признаам, но се вративме“.