Тиквеш се засили со Попзлатанов!

Фудбалскиот клуб Тиквеш објави уште едно засилување за следната сезона, Јован Попзлатанов е нов фудбалер на кавадаречкиот клуб.

Јован Попзлатанов кој во првата половина од минатата сезона играше за Македонија Ѓорче Петров, а во вториот дел во Работнички, останува во Првата лига и покрај тоа што двата негови последни клубови испаднаа.

Офанзивниот бек во следната сезона ќе го носи дресот на Тиквеш.

„ГФК Тиквеш 1930 со големо задоволство го претставува нашето најново засилување – Јован Попзлатанов.
Станува збор за фудбалер со богато прволигашко искуство, лидерски карактер и победнички менталитет, кој ќе донесе дополнителен квалитет, стабилност и енергија во редовите на нашиот тим.
Неговото искуство и професионален однос ќе бидат од огромно значење за развојот на младите фудбалери, но и за остварување на целите и амбициите кои клубот ги поставува за претстојната сезона.
Му посакуваме многу здравје, успешни настапи и заеднички победи во црвено-белиот дрес“, стои во соопштението на кавадаречкиот тим.