Неверојатно совпаѓање на првите и последните голови на Меси и Роналдо на мундијалите
По нивните голови во последните 48 часа, двете суперѕвезди забележаа точно иста долговечност на светските финалиња. Разликата помеѓу нивните први голови на Светското првенство во далечната 2006 година и нивните последни голови во овој јуни 2026 година е точно 20 години и 11 дена - случајност каква што историјата на светскиот фудбал никогаш не видела.
Кристијано Роналдо го започна својот поход на светските првенства на 17 јуни 2006 година, кога постигна гол од пенал против Иран. Точно 20 години и шест дена подоцна, на 23 јуни 2026 година, Португалецот ги постигна своите два гола против Узбекистан во победата од 5-0. Со ова достигнување, 41-годишниот Роналдо го зацврсти и својот уникатен рекорд - тој стана единствениот фудбалер на планетата што постигнал гол во шест различни изданија на Светското првенство иако во вкупниот број голови има речиси половина помалку од Меси.
Лионел Меси го има точно истиот временски период откако го постигна својот деби гол на Светското првенство на 16 јуни 2006 година, во победата од 6-0 над Србија и Црна Гора. Неверојатната случајност се затвори на 22 јуни 2026 година, кога 38-годишниот Аргентинец постигна два гола против Австрија (2-0), поправајќи ја разликата од својот прв гол на истата возраст од 20 години и шест дена. Благодарение на силниот почеток на тековниот турнир, Меси сега има вкупно 18 гола на светските првенства, што го прави стрелец број 1 во историјата на овие манифестации.