Англија не е толку страшна - не успеа да ѝ даде гол на Гана
Иако беа надмоќни во текот на сите 90 минути, а особено во второто полувреме, Англичаните ни оддалеку не беа ефикасни како со Хрватска и не ги реализираа своите шанси. Во финишот дури можеа да бидат казнети за тоа бидејќи фудбалерите на Гана имаа опасен контранапад кој, сепак, не успеаја да го искористат.
За доминацијата на Англија најдобро зборува статистиката која вели дека играчите на Томас Тухел испратија дури 17 шута иако само три од нив беа во рамките на противничкиот гол. Најголемите шанси дојдоа пред истекот на основните 90 минути кога Англија имаше можност да ги освои и останатите два бода.
Во една иста минута, „Гордиот Албион“ упати дури три шута, прво Сака шутираше, но голманот на Гана одбрани, потоа Орајли ја погоди пречката за на крајот, одбиената топка Кејн од непосредна близина да ја испрати над голот. Последната можност ја пропушти Сака во четвртата минута од судиското продолжение.
Двете репрезентации сега имаат по четири бода и се многу блиску до место во нокаут фазата, но во последното коло ќе се решава конечниот пласман во групата.