Отаменди се враќа во татковината за да си го исполни детскиот сон (ВИДЕО)

Аргентинскиот фудбалер Николас Отаменди потпиша договор со Ривер плејт и го засилува гигантот како слободен агент, откако претходно си замина од Бенфика.

Искусниот дефанзивец потпиша договор со Ривер плејт до 2027 година, а на екипата ќе ѝ се приклучи по завршување на Светското првенство (СП).

„Доаѓањето во клубот за кој навивам е остварување на детскиот сон. Долго ја чекав оваа шанса“, кажа Отаменди.

Аргентинецот досега во кариерата играше за Манчестер сити, Бенфика, Валенсија, Порто и уште неколку екипи.