Милан тргнува по тренер кој освои Европска титула - закажани се преговори!

Тренерското столче во Милан е испразнето откако Масимо Алегри доби отказ по крајот на сезоната, во Милан за следната недела имаат закажано преговори со првиот фаворит.

Тоа е Оливер Гласнер кој со Кристал Палас ја освои Конференциската лига оваа сезона.

Австрискиот стратег имаше фантастичен успех со англискиот тим, му донесе три трофеи за 12 месеци.

Преговорите меѓу Гласнер и Милан се закажни за почетокот на следната недела, најверојатно ќе се одржат во вторник.

Претходно Милан се поврзуваше со Ираола, но тој е на пат кон Ливерпул.