Челси е подготвен да го продаде Енцо - познато и за колку пари!

Англискиот гигант Челси е подготвен да го продаде Енцо Фернандез, откако Аргентинецот покажа дека сака да си замине од лондонскиот гигант.

Фернандез „флертуваше“ со Реал Мадрид пред неколку месеци, а тоа го налути раководството на премиерлигашот, кое е отворено за продажба, но само ако стигне понуда од 120 милиони евра.

Аргентинецот пристигна во редовите на гигантот од „Стемфорд бриџ“ пред неколку сезони и беше важен дел од екипата, но очигледно ова лето двете страни ќе се разделат.

Фото: Facebook/Chelsea Football Club