Фуксе Берлин го нокаутира Веспрем на пенали и избори Ф4-турнир во ЛШ

Германскиот гигант Фуксе Берлин по изведување на пенали го елиминира Веспрем и се пласира на Ф4-турнирот во Лигата на шампиони (ЛШ).

Фуксе Берлин доминираше во поголем дел од првото полувреме и имаше предност од 17-11, но набрзо Веспрем влезе во серија и намали на 15-17 на полувреме.

Голема борба се водеше и во вториот дел, каде што Фуксе Берлин во неверојатна завршница успеа да стигне до 31-30 и да се избори за пенали, каде што германската екипа беше подобра.

Матијас Гидсел беше најефикасен со 11 голови кај Фуксе Берлин, додека Хешам Елсајед постигна осум погодоци за Веспрем.

Фото: Facebook/Füchse Berlin