Најдобриот се поврзува со голем скандал: Лионел Меси обвинет за голема измама!

Најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси и Фудбалската федерација на Аргентина се соочуваат со тужба од компанијата „ВИД“ поради наводно кршење на договор за пријателски натпревари.

Според тужбата, договорот вреден 7 милиони долари предвидувал Меси да одигра најмалку 30 минути на натпреварите против Венецуела и Порторико, што не било испочитувано. Најголем револт кај организаторите предизвикал фактот што Меси натпреварот против Венецуела го следел од трибините, а веќе следниот ден настапил за Интер Мајами, што ги довело во прашање тврдењата за негова повреда.

Дополнително, компанијата бара отштета од над еден милион долари поради промена на локациите на натпреварите, како и поради неисполнети ветувања за идни турнеи. Случајот веќе е пред суд, каде што „ВИД“ бара целосна компензација за настанатата штета и изгубената добивка.