Ковентри по четврт век се врати во Премиер лигата! (ВИДЕО)
Бодот освоен на гостувањето кај Блекбурн (1-1) беше доволен тимот на Лампард и математички да обезбеди промоција во елитата на англискиот фудбал.
Херој на историската вечер беше Боби Томас, кој со погодок со глава во 84. минута донесе еуфорија кај навивачите.
Се чинеше дека славјето ќе биде одложено откако домашните поведоа во 54. минута. Рјоја Моришита ја искористи одбиената топка и ја испрати во мрежата за водство на Блекбурн. Домаќините жестоко се бранеа, свесни колку им значи бодот во борбата за опстанок.
Но, Ковентри не се откажа. Шест минути пред крајот, Виктор Торп изведе одличен прекин од десната страна, а највисок во скокот беше Томас, чиј удар со глава заврши во мрежата.
Најголемиот успех Ковентри во својата историја го оствари во 1987 година кога го освои ФА Купот, а исто така пред да испаднат во 2001 година, 34 години во низа беа дел од елитното друштво.
WE ARE BACK. pic.twitter.com/tX0v52NJgN
— Coventry City (@Coventry_City) April 17, 2026