Прецртан и Каљари, Интер на седум бода од титулата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер со големи чекори одат кон нова шампионска титула во Серија А, а вечерва дојдоа уште поблиску до освојување на Скудетото откако на домашен терен го совладаа Каљари со 3-0.

Натпреварот беше решен во првите десетина минути од второто полувреме, кога Маркус Турам и Николо Барела за кратко време постигнаа по еден гол.  Прво, Турам рутински ја погоди далечната статива во 52. минута по центаршут на Федерико Димарко, а сè беше решено во 56. минута кога Барела, во свој стил, ја заби топката во мрежата покрај толпата противнички играчи.

Триумфот беше зачинет со европски гол во судиското продолжение од страна на Пјотр Зиелински во натпревар кој ќе се памети и по тоа што го изедначи рекордот на Димарко за бројот на асистенции во Серија А, кој го држеше Папу Гомез од Аталанта со 16.

На Интер сега му требаат седум бода во последните пет кола за да дојде до шампионската титула. Предноста во однос на Наполи е 12 разлика со натпревар повеќе.

 

Standings provided by Sofascore