„Омерагиќ одлично си ја врши работата, УЕФА е презадоволна!“

Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин во своето интервју при гостувањето во ФФМ, ја истакна и добрата работа на претседателот Масар Омерагиќ од неговото доаѓање на функцијата.

Како што вели Чеферин, Фудбалската федерација на Македонија е пример за тоа како треба да работи еден сојуз.

„Масар одлично си ја врши работата. Ние навистина ги контролираме сите сојузи, а македонскиот сојуз, откако е Масар таму, е еден од примерите за посветено работење и веќе се гледаат разликите. Секој пат кога ќе дојдам, сè е поинаку. Можеби сум малку субјективен бидејќи ми е пријател, но објективно, како претседател на УЕФА, сум презадоволен. Никогаш не би го кажал тоа јавно ако не го мислам, бидејќи тоа може да ми се врати. Му честитам на него и на целиот тим. Мило ми е што ги доближи сите поранешни фудбалери до Сојузот, бидејќи во многу други земји постои љубомора кон нив, а тој ги обедини и климата е одлична“, изјави Чеферин.

Комплетното интервју можете да го погледнете во продолжение: