Француски среден бек го засилува Вардар!?

Екипата на Вардар за следната сезона би можела да се засили и со францускиот среден бек Матео Фадуиле.

Станува збор за 23-годишен ракометар ракометар кој го носи дресот на Трембли и кој во aктуелната сезона е најдобар стрелец на тимот со 162 гола. Исто така во кариерата беше дел од тимот на Нант, а ги помина и младинските селекции на Франција.

Доколку Вардар успее да го доведе нема дилеми дека би можел да добие одлично засилување за долг период на бековската линија.

Со Трембли, Французинот има договор до 2027 година, па така за да го доведе, Вардар би морал да плати и одредена финансиска отштета.