Комо го губи чекорот, четата на Фабрегас првпат загуби на гости во 2026 (ВИДЕО)
Натпреварот беше решен во само неколку минути во финишот од првото полувреме. Волпато во 42-та минута Волпато ја искористи лошата проценка и го лобуваше голманот на Комо, само две минути подоцна по една контра Нзола се погрижи за втор гол.
Комо резултатски брзо се врати преку Нико Паз кој мајсторски со глава погоди во втората минута од продолжение на првото полувреме.
Мрежата на Сасуоло се тресеше и во второто полувреме меѓутоа тој гол беше поништен поради недозволена позиција.
На табелата Комо сега останува петти со 58 бода, два помалку од Јувентус кој викендов во дуелот со Болоња може да ја зголеми разликата во случај на триумф. Рома исто така со натпревар помалку е само на бод од Комо, па може да ги прескокне.
За Комо овој пораз беше и прв на гостински терен во 2026 година.