Хорор: Екс-фудбалер на Хајдук нокаутиран во Азија – играчите се држеа за глава и плачеа (ВИДЕО)
Инцидентот се случи во 37. минута, кога противничкиот играч Али Мајраши се обиде атрактивно да расчисти топка со ножички, но наместо тоа го погоди Да Силва директно во главата. Бразилецот остана да лежи неподвижен на тревникот, по што настана хаос на теренот – дел од фудбалерите влегоа во конфликт, додека други во паника бараа лекарска помош. Мајраши веднаш беше исклучен, а снимките покажаа дека бил целосно скршен од ситуацијата, држејќи ја главата во раце. По натпреварот бил забележан и во солзи. Дополнително, несреќниот дефанзивец постигна и автогол, а Ал Ахли на крајот славеше со 2-1. Видеото од инцидентот погледнете го ТУКА.
Да Силва веднаш е хоспитализиран и се наоѓа во стабилна состојба. Се очекува да му бидат направени дополнителни снимања на главата и лицето за да се утврди дали има посериозни последици. Триесет и тригодишниот напаѓач го носеше дресот на Хајдук од 2018 до 2021 година, период во кој одигра 110 натпревари, постигна 26 голови и запиша 20 асистенции. Во Сплит пристигна од ПАОК за околу 300.000 евра, а во 2021 година беше продаден во Пафос за сума од околу половина милион евра. Според „Трансфермаркт“, неговата актуелна вредност изнесува околу 800.000 евра.