„Камавинга е глупак, играчите на Реал требаше да го претепаат во соблекувална“

Иако навивачите на Реал грмат на одлуката на судијата Славко Винчиќ да му покаже втор жолт и автоматски црвен картон на Едуардо Камавинга во финишот од синоќешниот дуел со Баерн, има и такви кои трезвено гледаат на ситуацијата и за исклучувањето го обвинуваат лично францускиот репрезентативец.

Меѓу нив и поранешниот играч на Реал, Весли Снајдер кој не бираше зборови да ја опише глупоста што ја направи играчот од средниот ред.

„Камавинга е глупак! Знаете што требаше да му направат играчите на Реал по последниот свиреж на судијата? Да истрчаат во соблекувална и да го претепаат. Мислам дека тој не треба да оди ни на Светското првенство“, рече Снајдер во својата телевизиска анализа.

Камавинга влезе во игра во 62. минута од натпреварот и успеа за 24 минути на теренот да добие два жолти картони. Сезонава тој постојано им оди на нерви на навивачите на Реал кои бараат клубот да го продаде Французинот во летниот преоден рок бидејќи неговата форма е во катастрофална. Последен пример за неговата очајна игра беше дуелот против Мајорка на кој беше виновен за двата примени гола и поразот што најверојатно ќе го остави Реал без титула и во шпанското првенство.