Артета: Ова што го направивме се случи прват во нашата историја!
По натпреварот Артета го потенцираше фактот дека Арсенал првпат во историјата ќе игра две полуфиналиња во ЛШ по ред.
„Ова е огромен момент. Првпат во нашата историја, 140 години, ние ќе играме две години по ред во полуфинале. Да се биде дел од овие тимови е нешто многу посебно“, вели Артета.
„Има причина зошто ние сме единствениот англиски тим кој остана во ова натпреварување. Распоредот е ѓаволски тежок. Ние не сме перфектни, треба да се подобруваме, тоа секако, но ајде да ги вреднуваме овие фудбалери за тоа што направија досега“.