Винисиус и Белингам во клинч: Што сакаш? Затвори ја устата! (ВИДЕО)

Јавна тајна е дека ѕвездите во Реал не можат да се поднесат и покрај тоа што во јавноста се обидуваат да создадат поинаква слика, за наводна хармонија во соблекувалната.

Тоа се виде и на вчерашниот натпревар на кој во вербален дуел влегоа Џуд Белингам и Винисиус. При една ситуација во второто полувреме, Бразилецот не центрираше пред голот на Реал каде се наоѓаше Белингам поради што овој нервозно реагираше и гестикулираше со рацете.

 

 

Винисиус го забележа тоа и му грмна на англискиот репрезентативец: „Што е, што сакаш? Затвори ја устата!“. Камерите го забележаа тоа поради што повторно почна дебатата дека нетрпеливоста меѓу ѕвездите е главна причина за тоа што Реал втора сезона по ред не може да освои трофеј.

Интересен е податокот дека Винисиус и Белингам синоќа речиси воопшто не соработувале иако се меѓу најзначајните играчи во тимот. Белингам му додал на Бразилецот четири пати, а ниеднаш не добил топка од него.