УФЦ шампионот ограбен во Италија - му украле и подарок од ѕвезда на ПСЖ! (ФОТО)

Ислам Махачев доживеал непријатна ситуација за време на патување низ Италија, откако непознати крадци му ги украле речиси сите лични работи.

Во несреќата братучедот на Кабиб Нурмагомедов имал и малку среќа бидејќи пасошот останал со него. Шампионот во велтер категорија на УФЦ дури се пошегувал дека крадците „биле доволно фини“ да му го остават барем најважниот документ, а кај него останал и паричникот, иако без пари.

Највредниот предмет што му бил одземен се копачките кои ги добил како подарок од грузискиот фудбалер и ѕвезда на ПСЖ, Хвича Кварацхелија.

„Крадци, ако не сте љубители на фудбалот, ве молам вратете ми ги“, се пошегува Махачев, очигледно расположен бидејќи не останал без документи како руски државјанин во Италија што можеше да му создаде проблеми при враќањето дома.

Фото: EPA