Голгетерот на Ливерпул во солзи го заврши натпреварот, може да остане без СП

Ливерпул на „Енфилд“ го игра реванш натпреварот од четвртфиналето против ПСЖ и се обидува да надополни негатива од 2-0, но ситуацијата им се искомплицира по половина час игра кога се повреди Хуго Екитике.

Кон него тргна една топка од одбраната на Ливерпул, а иако немаше ниту еден противнички играч во негова близина, Екитике падна на тревникот и според првичните информации, заработи сериозна повреда.

Дека веројатно станува збор за нешто сериозно најави и самиот  Екитике со реакцијата кога во тој момент се расплака. Откако му беше укажана помош на теренот беше изнесен и на носилки.

Неговата повреда на само два месеци може да биде проблем и за Дидиер Дешамп бидејќи Екитике е стандарден член во француската репрезентација.