Страшна сцена: Мусо со отворен ѓон го раскрвари Фермин! (ВИДЕО)

Oсвен што во Мадрид гледаме одличен фудбал и во првите 45 минути беа постигнати три погодоци, видовме и една непријатна сцена.

Веднаш по вториот гол на Барселона, Фермин Лопез влезе во прилика и за трет погодок, меѓутоа во таа прилика голманот Мусо сосема несакано при одбраната го закачи со копачката директно во лицето со што и го расквари.

Напаѓачот на каталонскиот гигант за среќа во таа ситуација не заработи посериозна повреда, па по укажаната лекарска помош го продолжи натпреварот.