Пирова победа за Барса во „војната“ на Метрополитано, ПСЖ без драма до полуфинале! (ВИДЕО)
Натпреварот во Мадрид почна одлично за Барселона по само четири минути игра и една грешка во одбраната на Атлетико, Јамал го отвори резултатот. Предноста од два гола на „јорганџиите“ беше анулирана веќе во 24-тата минута кога Феран Торес стрелаше за 2-0.
Само минута подоцна, Фермин Лопез влезе во идеална позиција и за трет гол, но Мусо го одбрани неговиот удар. Во таа ситуација напаѓачот на Барселона можеше и сериозно да се повреди бидејќи падна директно на отворениот ѓон од копачката на чуварот на мрежата на домаќините.
Атлетико гол успеа да постигне од првата посериозна прилика по половина час игра кога Адемола Лукман се запиша во листата на стрелци.
Со гол предност Барселона замина и на одмор. По десетина минути игра во второто полувреме Торес ја погоди мрежата на Мусо, меѓутоа голот беше поништен поради недозволена позиција.
Се обидуваше Барселона да дојде до трет гол, меѓутоа работата стана потешка кога на десетина минути пред крајот исклучен беше Ерик Гарсија.
Атлетико се повлече, имаше иницијатива Барселона и покрај тоа што беше со играч помалку, меѓутоа реализацијата изостана, па Атлетико оди во полуфиналето и ќе се соочи со победникот од двомечот помеѓу Арсенал и Спортинг.
Во вториот натпревар, ПСЖ не дозволи никаква драма против Ливерпул и со уште една победа со идентични 2-0 исто така обезбеди место во полуфиналето каде што ќе го чека подобриот од утрешниот реванш помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен.
Фото: EPA