Алкараз го направи првиот чекор кон враќањето на првото место
Со тоа покажа дека дуелот против Јаник Синер, одигран пред само два дена, за него е веќе минато и покрај поразот. Иако имаше мали турбуленции во првиот сет, Алкараз славеше со 2-0 за помалку од еден и пол час тенис – 6-4, 6-2.
Виртанен, моментално 130. тенисер во светот, се држеше добро во првиот сет, дури имаше и четири брејк топки (од кои едната беше 0-40), но на крајот не му одзеде ниту еден сервис на својот ривал. Алкараз го направи првиот брејк на 5-4, потоа направи уште два на почетокот од вториот сет, Финецот врати еден, но не доволно за да направи нешто сериозно.
Ривал на вториот светски тенисер во осминафиналето на Барселона ќе биде Томас Махач, кој беше подобар од Себастијан Баез претходно во текот на денот. Ова ќе биде нивниот трет дуел во кариерата, а моментално имаат резултат 1-1 во меѓусебните дуели. На Алкараз му треба титула во Барселона за да се врати на чело на АТП листата. Лани на овој турнир стигна до финалето и таму загуби од Холгер Руне кој сега воопшто не учествува.