Ашковски успешно евакуиран од Иран!

Македонскиот фудбалер, Стефан Ашковски е еден од нашите државјнани кои беа евакуирани од Иран по почетокот на војната на Блискиот Исток.

Од Министерството за надворешни работи информираа дека Ашковски преку Турција бил успешно евакуиран од Иран. Во моментов не се знае дали фудбалерот е во Турција или е веќе вратен во Македонија.

Ашковски е член на иранскиот клуб Мес Рафсанјан за кој потпиша во јануари оваа година.

34-годишниот фудбалер има 40 настапи за македонската репрезентација.

Од МНР информираа дека околу 400 македонски државјани побарале помош за евакуација од Блискиот Исток.