Охрид го промовира петтото засилување – лево крило кое осум сезони играше за ПСЖ!
Тој настапува на позицијата лево крило, има 28 години и е висок 186 сантиметри, а во новата сезона ќе го носи дресот со број 9. Французинот во Охрид доаѓа од АЕК, додека претходно дури осум сезони беше дел од ПСЖ, клуб со кој освои голем број домашни и меѓународни трофеи.
„Започнува ново поглавје за мене, горд сум што му се приклучувам на Охрид и што ја започнувам оваа нова авантура во Македонија. Му благодарам на клубот за довербата што ми ја укажа. Доаѓам со голема желба, амбиција и волја да го дадам максимумот на теренот за боите на клубот. Со нетрпение очекувам да започнам и да се запознаам со нашите навивачи“, изјави Кеита.
Новото охридско засилување има богато искуство и на репрезентативен план, настапувајќи за сите младински селекции на Франција, а во 2017 година освои и бронзен медал на Светското јуниорско првенство.