Босанци ќе бидат задолжени за голови во Кратово!

Eкипата на Силекс ги потврди првите две засилувања за новата сезона и тоа се двајца напаѓачи кои доаѓаат од БиХ.

Станува збор за 27-годишниот Нихад Шеро и 24-годишниот Есмир Хасукиќ и од нив се очекува да донесат голови во новата сезона во која кратовчани ќе имаат највисоки амбиции.

Шеро кој игра на крилните позиции во нападот во освојувачот на Купот на Македонија доаѓа од тимот на Челик Зеница, додека Хасукиќ е централен напаѓач и пристигнува од ГОШК Габела.

Тие ќе се обидат да го надополнат отсуството на Португалецот, Пиреш кој беше најдобар стрелец на кратовскиот состав минатата сезона по која одлучи да се пресели во Вардар.

Двајцата напаѓачи веќе се приклучија на подготовките кои Силекс ги одработува во Охрид.