Роналдо едвај дочека да одговори: Кога ме нема, велат сум за пензија...
Португалците го почнаа турнирот со реми против Конго и таквиот резултат донесе жестоки критики, па сега Португалецот возврати на критичарите.
„Таков е животот, секогаш има предизвици и најважно е постојано да се подобрувате. Зад нас е многу тешка недела, недела во која јавноста беше многу остра кон сите нас, особено кон селекторот. По 23 години кариера навикнат сум на тоа, кога оди добро, Кристијано е одличен, а кога оди лошо, тогаш сум стар и за пензија. Така секогаш ќе биде. Но, ова беше вистинскиот одговор од мене и моите соиграчи. Игравме добро, вршевме висок пресинг и кога Португалија игра на таков начин, многу е тешко да се запре. Не е случајно што постигнавме пет гола.“
Смета Роналдо и дека секогаш кога е потребно тој е тука.
„Секогаш се појавувам кога е најпотребно. Можеби подоцна отколку што луѓето очекуваат, но тука сум. Затоа и понатаму си ја работам својата работа и верувам во тоа што го правам. Напорно работам, а Бог ми помага. Така беше во текот на целата моја кариера. Најважни ми се тимот и заедништвото со соиграчите и семејството. Сè друго што доаѓа однадвор не можеме да го контролираме. Кога не играме добро и не победуваме, секогаш сме мета на критики, особено јас, но навикнат сум на тоа и продолжувам понатаму“, заклучи Кристијано Роналдо.
Со овие два гола Роналдо ја прекина низата од десет натпревари на Европско или Светско првенство на кои беше без постигнат гол.