Анчелоти потврди: Нејмар се враќа за решавачкиот меч на Бразил на СП 2026!
Најголемата ѕвезда на Бразил ги пропушти првите два меча на Мундијалот против Мароко и Хаити, но оваа недела веќе тренираше со остатокот од тимот и е подготвен повторно да се врати на теренот.
„Нејмар тренираше навистина добро оваа недела и подготвен е за настап. Многу сме среќни што повторно е со нас бидејќи станува збор за играч со исклучителен квалитет. Може да одигра едно полувреме, но и цел натпревар. Работеше напорно и сега е подготвен“, изјави Анчелоти.
Дуелот меѓу Бразил и Шкотска ќе се игра во Мајами во ноќта меѓу среда и четврток по македонско време. Анчелоти посебно го пофали односот на Нејмар за време на периодот на рехабилитација.
„Неговиот пристап е одличен. Добро е расположен и сакаме што побрзо да го вратиме во натпреварувачки ритам. Тој поседува огромно искуство и знаење и секогаш знае како да се снајде на теренот“, додаде бразилскиот селектор.
Од друга страна, Бразил нема да може да смета на Рафиња, кој ќе го пропушти натпреварот поради повреда. Анчелоти предупреди дека Шкотска е далеку од лесен противник.
„Шкотска има квалитетни и искусни играчи како Скот Мектоминеј и Џон Мекгин. На Светско првенство одамна нема лесни натпревари. Подготвени сме за тежок предизвик“, истакна Италијанецот.
По две одиграни кола, Бразил и Мароко имаат по четири бода, Шкотска е трета со три, додека Хаити е без бодови. Затоа последното коло ќе биде клучно во битката за место во нокаут-фазата на СП.