Македонија домаќин на квалификациска група за ЕП 2027 за кадетки!

Македонија доби уште една организација на значаен меѓународен ракометен настан, откако Европската ракометна федерација (СХФ) ѝ ја довери организацијата на квалификацискиот турнир за пласман на женското кадетско ЕП 2027.

Турнирот ќе се одржи во Скопје (27 до 29 ноември), а македонската кадетска репрезентација ќе има можност пред домашната публика да се бори за место на завршниот континентален собир. Нашите таленти ќе настапат во групата Б, каде за противници ќе ги имаат селекциите на Литванија, Косово и Грција. Пласман на ЕП ќе обезбедат првите две репрезентации од групата, а дополнително место на завршниот турнир ќе добие и најдоброрангираната третопласирана селекција од сите квалификациски групи.

За младите македонски ракометарки ова ќе биде одлична можност да се претстават пред својата публика и да се обидат да обезбедат место меѓу најдобрите европски репрезентации во својата генерација.