Само победа е опција за Босна и Херцеговина!
Босанците ремизираа во првото коло против Канада, а вториот меч го загубија убедливо од Швајцарија.
Математиката сега е јасно, доколку го победат Катар ќе го продолжат патот на Мундијалот, а доколку не ги освојат трите бода, ќе треба да ги спакуваат куферите и да си заминат.
Иста е ситуацијата и со Катар, тие имаат бод од мечот со Швајцарија и пораз од Канада, па доколку победат денеска ќе одат во нокаут фазата.
„Победата води кон следната фаза, ќе видиме чија желба ќе биде поголема. Фактот дека нè гледаат како фаворити не менува ништо во нашиот пристап. Бидејќи, ако ја погледнеме ранг-листата на ФИФА, тогаш Катар е пред нас, а со тоа и во предност. Тие не се тука случајно, сите репрезентации имаат планови, па така и Катар“, рече селекторот на БиХ, Барбарез.
Натпреварот меѓу БиХ и Катар почнува од 21 часот.