Хрватска се намачи против Панама, Колумбија подобра од Конго (ВИДЕО)

Изминатата вечер репрезентациите на Колумбија и Хрватска славеа минимални победи со по 1-0 против Конго и Панама.

Колумбијците уште во шестата минута ја затресоа мрежата преку Муњоз, но по проверка од ВАР погодокот беше поништен поради недозволена позиција.

Во продолжението од првото полувреме Колумбија беше подобар противник и создаде неколку изгледни можности, но резултатот остана непроменет.  Одлучувачкиот момент се случи во 76. минута кога одново во центарот на вниманието се најде Муњоз, меѓутоа сега технологијата не му ја скрати радоста. 

По две одиграни кола во групата К, Колумбија е лидер со шест бодови, Португалија има четири, Конго еден, додека Узбекистан сè уште е без освоен бод.

Во групата Л, Хрватска ја совлада Панама и така ги задржа шансите за пласман во осминафиналето. Хрватите голот за победа го постигнаа во 54. минута кога Анте Будимир ја искористи одличната акција во која учествуваа Марко Пашалиќ и Јосип Станишиќ.

До крајот на средбата Хрватска успешно ја сочува минималната предност и стигна до важни три бода. За Панама, пак, овој пораз значеше и крај на надежите за пласман во следната фаза.

Јубилеј во овој дуел прослави и Лука Модриќ кој го одигра својот 200-ти настап во дресот на хрватската репрезентација.

По второто коло во групата Л, Гана и Англија имаат по четири бодови, Хрватска е трета со три, а Панама останува без бодови.