Капитенот на Вардар потпиша нов договор и најави – заминување во пензија!
Георгиевски е дете на Металург, каде што настапуваше речиси цела деценија (2006-2015), а остави силен белег и во странство, настапувајќи за тимовите на Тулуз и Букурешт. Во таборот на црвено-црните пристигна во сезоната 2020/21 и оттогаш е еден од клучните играчи и лидери на тимот. Од таборот на вардарци не го криеја задоволството од продолжувањето на соработката со искусното десно крило.
„Вардар е неизмерно горд што нашиот капитен го продолжи договорот за уште една сезона и својата кариера ќе ја заврши во нашиот клуб! Се надеваме со уште поуспешна сезона од актуелната“, порачаа од Вардар.
Георгиевски во новата сезона ќе ја дели минутажата на десната крилна позиција со Вукашин Воркапиќ, српскиот репрезентативец кој му се приклучи на Вардар во текот на зимскиот преоден рок.