Ден на Дембеле - хет трик за само 32 минути (ВИДЕО)
По нешто повеќе од половина час игра, „триколорите“ водат со 3-1, а сите три гола ги постигна играчот на ПСЖ. По водечкиот гол во седмата минута, крилниот играч погоди и во 20. и 32. минута, а во меѓувреме, Асгард го постигна засега единствениот погодок за Норвежаните. Сите три гола на Дембеле бва мошне слични, од десната страна тргна налево и со убаво пласирани удари ја смести топката во мрежата.
Хет-трикот на Дембеле, остварен за 25 минути, не е најбрз во историјата на светските првенства. Рекордот го држи унгарскиот фудбалер Ласло Киш кој во 1982 година против Ел Салвадор постигна три гола за седум минути ни 42 секунди.
Ако се земат предвид најбрзите хет-трикови во историјата на мундијалите, Дембеле е на петтото место, зад Ласло Киш од Унгарија во 1982, Макс Морлок од Западна Германија во 1954, Шандор Кочиш во 1954 и Герд Милер во 1970 година. Од друга страна, Французинот е автор на вториот „најран“ хет-трик во историјата кој е комплетиран по само 32 минути. Рекордот во овој сегмент го држи Австриецот, Ерих Пробст кој во 1954 година комплетирал три гола до 25. минута.
Хет-трикот на Дембеле е трет на актуелното Светско првенство, по оној на Лионел Меси против Алжир во првото коло и на Канаѓанецот, Џонатан Дејвид против Катар во второто.