Лошо ѝ се пишува на Норвешка: Пречка на Мбапе, па гол на Дембеле по само седум минути (ВИДЕО)
„Триколорите“ го искористија тоа и уште на почетокот ја покажаа својата сила во дуелот со селекцијата која треба да им биде директен ривал за првото место во групата. Веќе во 26. секунди Килијан Мбапе ја погоди пречката, а во седмата минута „падна“ првиот гол.
Стрелец беше официјално најдобриот светски фудбалер Усман Дембеле кој во свокствен стил за себе ја затресе противничката мрежа. Доби една длабинска топка од Мбапе, се ослободи од противнички фудбалер и потоа со прекрасен удар ја смести во голот. За Дембеле ова е втор гол на Светското првенство откако погоди и во претходното коло, против Ирак.