Ѕвездите на Уругвај кренале бунт против селекторот пред мечот со Шпанија

Уругвај ќе се соочи против Шпанија вечерва од 2 часот, а најголемите ѕвезди на репрезентацијата се побуниле против селекторот Марсело Биелса.

Групата на фудбалери предводена од Федерико Валверде, Мануел Угарте и Родриго Бентанкур се побуниле против селекторот.

Фудбалерите наводно го повикале Биелса на состанок и побарале промена на пристапот и стилот на игра за клучниот двобој против Шпанија.

Тие не се задоволни со интензитетот на тренинзите, за кои сметаат дека се главна причина за повреди, а против Шпанија сакале наводно да играат преку контра-напади.

Фото: Facebook/AUF - Selección Uruguaya de Fútbol