Мурињо: Сакам сите фудбалери на Реал да загубат и испаднат од Мундијалот

Светското првенство (СП) влегува во завршницата на групната фаза, а тренерот Жозе Мурињо дааде интересен коментар за фудбалерите на Реал Мадрид кои се дел од Мундијалот.

Португалецот доби прашање какви се неговите очекувања од Мундијалот, по што „Специјалниот“ даде одговор во свој стил.

„Што би сакал да видам на Мундијалот? Ако треба да сум искрен, сакам сите фудбалери на Реал да изгубат и испаднат од Мундијалот. Сакам да ги видам на почетокот на подготовките во јули“, кажа Мурињо.

Мурињо почнува нов мандат на кормилото на „кралскиот клуб“ и навивачите имаат големи очекувања од него.