Одбројувањето започна: Финалето на Coca-Cola Cup со директен пренос на Арена Спорт
Државното првенство ќе се одржи на 30 јуни 2026 година, со почеток во 09:00 часот. Младите „симовци“, кои во изминатите месеци ги поминаа регионалните натпреварувања, сега ќе се борат за место на големото меѓународно финале во Сплит, кое ќе се одржи од 17 до 22 август.
За значењето и престижот на Плазма Спортските игри за млади говори и фактот што финалните натпревари од Coca-Cola Cup 2011, во машка и женска конкуренција, ќе бидат емитувани во директен пренос на хрватска Арена Спорт.
На Државното првенство „симовците“ ќе се натпреваруваат во десет спортски дисциплини: Coca-Cola Cup 2011, мал фудбал (2015), баскет 3х3, ракомет, одбојка, одбојка на песок, народна топка, тенис, шах, пинг-понг и атлетика.
И овој пат се очекуваат возбудливи натпревари, бидејќи младите спортисти во текот на регионалните турнири покажаа голем талент, борбеност и спортски дух, а многумина веќе ги најавија своите амбиции да станат идни спортски ѕвезди.
Плазма Спортските игри за млади оваа година за првпат се одржуваат во Македонија. СИМ одбележува 30 години постоење и претставува едно од најголемите аматерски спортски натпреварувања во Европа, чија главна мисија е бесплатен спорт за секое дете. Покрај Македонија, дел од големото семејство на СИМ се и Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Србија.
Повеќе информации за Плазма Спортски игри за млади можете да најдете на официјалниот сајт: https://sportskiigrizamladi.com/