Младинците на Македонија ја демолираа С. Арабија на првата контролка

Машката младинска репрезентација на Македонија славеше со 35-26 против Саудиска Арабија на првиот контролен натпревар во рамки на подготовките за Европското првенство (ЕП).

Избраниците на Игор Илиевски покажаа добра игра и го контролираа мечот против С. Арабија за да запишат висока победа.

Македонија утре ќе одигра уште еден пријателски натпревар против истата селекција на подготовките во Скопје.

Младите ракометари се наоѓаат во група со Данска, Норвешка и Хрватска на ЕП.